Опис на категоријата:
Во категоријата „Д“ спаѓаат моторни возила за превоз на патници кои имаат повеќе од осум седишта, покрај седиштето на возачот и може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 24 години возраст
- Најмалку две години да поседува возачка дозвола од категоријата „Ц“
- Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
- Лична карта
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
- Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
- Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
- Пријава за полагање на возачки испит
- Со одлука на надлежен државен орган или друг орган да не му е забрането управување на моторно возило или група на возила
